THERMOFLUX Logo Vektorsko 3

Severina zashtitno lice na THERMOFLUX

  ТОПЛОВОДНИ КАМИНИ НА ПЕЛЕТИ
  THERMOFLUX  INTERIO 14 ( 14 kW )                                               THERMOFLUX  INTERIO 20 ( 20 kW )

• ПОТПОЛНО АВТОМАТСКИ КАМИН НА ПЕЛЕТИ ЗА ПОВРЗУВАЊЕ СО ИНСТАЛАЦИИ ЗА ЦЕНТРАЛНО ГРЕЕЊЕ
• ИСКЛУЧИТЕЛНО КВАЛИТЕТНА ИЗРАБОТКА ОД СЕРТИФИЦИРАН ЧЕЛИК
• УКРАСЕН СО РАЧНО ИЗРАБОТЕНА ИТАЛИЈАНСКА КЕРАМИКА И КЕРАМИЧКО СТАКЛО ПРЕКУ КОЕ ИМАТЕ ПРЕКРАСНА ГЛЕТКА НА ПЛАМЕНОТ
• ВИСОК СТЕПЕН НА ИСКОРИСТУВАЊЕ – 94%
• КАМИНИТЕ СЕ КОМПАКТНИ, ОПРЕМЕНИ СО ЦИРКУЛАЦИОНА ПУМПА, ЕКСПАНЗИОНЕН САД И СИГУРНОСЕН ВЕНТИЛ
• ИМААТ ВГРАДЕН РЕЗЕРВАР ЗА ПЕЛЕТИ СО КАПАЦИТЕТ ОД 30 kg

Zima i bel kamin za WEBSITE PNG HD

Задоволство ни е да Ви ја претставиме линијата на камини на пелети INTERIO, топловодни камини наменети за спојување со инсталации за централно греење.

Поголемиот дел од енергијата ја пренесува на водата за загревање на радијаторите, а еден мал дел оддава преку стаклото.

Камините INTERIO со својата префинета изработка, функционалност и убавина ке ги освојат сите ваши сетила. Претставуваат извонреден спој на модерен, уникатен дизајн и максимална економичност, а воодушевуваат со својот квалитет, брзина на загревање на просторот и комфорот кој го создаваат. Имаат висок степен на искористување 94%.

Ги карактеризира исклучително квалитетна изработка од сертифициран челик, а декорацијата ја надополнува рачно изработената италијанска керамика, додадена на горната плотна и страните на каминот, која на INTERIO му дава нота на вонвременска елеганција. Зависно Вашиот избор бојата на керамиката може да биде кармин црвена, бела или мермерна беж боја. На предната страна имаат керамичко стакло отпорно на температури и над 750 °С. Пламенот кој се гледа преку стаклото создава прекрасна, многу пријатна атмосфера во Вашиот дом или работни простории, топлина која смирува и инспирира.

THERMOFLIX INTERIO Kamin Bordo 22-interiowhite-1443799650

Камините се компактни, потполно опремени со вградени експанзионен сад, циркулациона пумпа и сигурносен вентил, а внатре во нив имаат и резервар за пелети со капацитет од 30 kg.

Автоматиката која е инкорпорирана во каминот пружа удобност на потполно автоматско загревање на Вашиот дом со можност за многу детално и прецизно програмирање на палењето и гасењето со дневен и неделен тајмер ( дури и до 4 пати дневно палење и 4 пати дневно гасење ), при поврзување со собни термостати по постигнување на зададената (саканата) температура каминот ја гасне, ја сведува на минимум својата работа се до следниот регистриран пад на температурата од страна на термостатот, со ова каминот прави огромна заштеда на енергенсот (пелетите) сведувајќи ја на минимум нивната потрошувачка.

Камините се со првокласен квалитет, сертифицирани со TÜV THÜRINGEN Сертификат за квалитет на Техничкиот Универзитет во Виена, Австрија (Technische Universität Wien) a поседуваат и ISO 9001:2008 Сертификат, како и CE Сертификат.

  J.M INTERIO 14 INTERIO 20
1 Тежина на каминот kg. 204 214
2 Топлински учинок kW 4 14,1 6 18
3 Зрачење на топлина во просторот kW 2 2,2
4 Содржина на вода во каминот L 33 25
5 Потпритисок на оџакот mbar 0,05 / 0,1 0,05 / 0,1
7 Појдовен / Повратен вод inch 1” 1”
8 Температура на димните гасови oC cca160 cca160
9 Макс. раб. температура oC 80 80
10 Макс. раб. притисок Bar 2,5 2,5
11 висина до средина на оџакот mm 305 305
12 Длабочина на каминот mm 650 650
13 Ширина на каминот mm 630 630
14 Висина на каминот mm 1080 1080
15 Достапни бои на керамиката црвена/ бела/беж црвена/ бела/беж
16  Дијаметар на оџакот mm 80 80
17 Висина на довод / поврат mm 955 / 135 955 / 135
18 Количина на пелети во резервоарот kg 30 30
19 Потрошувачка на електрична енергија номинално / макс. W 90 / 340 100 / 350
20 Температура на водата на излезот мин. / макс. oC 55 / 80 55 / 80
21 Димензии на стаклото mm 318x236x4 318x236x4
22 Мин. / Макс. потрошувачка на пелети kg/h 1-2,8 1-4,6
23 Гориво пелет пелет
24 Извод на оџакот ( доле-назад ) назад назад

Упатство за ракување

Сертификат

Надворешен линк