THERMOFLUX Logo Vektorsko 3

Severina zashtitno lice na THERMOFLUX

  • НАМАЛЕНИ ВОНСЕЗОНСКИ ЦЕНИ НА ПЕЛЕТИТЕ И СИТЕ КОТЛИ И КАМИНИ НА ПЕЛЕТИ ОД РЕНОМИРАНИОТ БРЕНД THERMOFLUX!
  • Камин на пелети THERMOFLUX INTERIO 14kW цена 92.750,00 ден. сo ДДВ НАМАЛЕНА ВОНСЕЗОНСКА ЦЕНА: 86.211,00 ден. со ДДВ
  • Камин на пелети THERMOFLUX INTERIO 20kW цена 97.300,00 ден. сo ДДВ НАМАЛЕНА ВОНСЕЗОНСКА ЦЕНА: 90.537,00 ден. со ДДВ
  • СО ВКЛУЧЕН ТРАНСПОРТ ДО ВАШИОТ ОБЈЕКТ!
  • INTERIO 14(14 kW) INTERIO 20(20 kW)
    Задоволство ни е да Ви ја претставиме линијата на камини на пелети INTERIO, потполно автоматски топловодни камини наменети за спојување со инсталации за централно греење.
  • Напредната и модерна технологија со која се изработени им овозможува да имаат висок степен на искористување 94%, со што овозможуваат потполно и комотно загревање на просториите, а со максимална заштеда на енергенсот (пелетите).
  • Камините се компактни, потполно опремени, со вградени: експанзионен сад, циркулациона пумпа и сигурносен вентил, а внатре во нив имаат и резервоар за пелети со капацитет од 30 kg. Поголемиот дел од енергијата ја пренесува на водата за загревање на радијаторите, а еден мал дел оддава преку стаклото.
  • Камините INTERIO со својата префинета изработка, функционалност и убавина ке ги освојат сите ваши сетила. Претставуваат извонреден спој на модерен, уникатен дизајн и максимална економичност, а воодушевуваат со својот квалитет, брзина на загревање на просторот и комфорот кој го создаваат. Ги карактеризира исклучително квалитетна изработка од сертифициран челик, а декорацијата ја надополнува рачно изработената италијанска керамика, додадена на горната плотна и страните на каминот, која на INTERIO му дава нота на вонвременска елеганција.
  • Зависно Вашиот избор бојата на керамиката може да биде кармин црвена или мермерна беж боја. На предната страна имаат керамичко стакло отпорно на температури и над 750 °С. Пламенот кој се гледа преку стаклото создава прекрасна, многу пријатна атмосфера во Вашиот дом или работни простории, топлина која смирува и инспирира.
  • Автоматиката која е инкорпорирана во каминот пружа удобност на потполно автоматско загревање на Вашиот дом со можност за многу детално и прецизно програмирање на палењето и гасењето со дневен и неделен тајмер (дури и до 4 пати дневно палење и 4 пати дневно гасење, при поврзување со собни термостати по постигнување на зададената (саканата) температура каминот ја гасне, ја сведува на минимум својата работа се до следниот регистриран пад на температурата од страна на термостатот, со ова каминот прави огромна заштеда на енергенсот (пелетите) сведувајќи ја на минимум нивната потрошувачката. Камините се со првокласен квалитет, сертифицирани со TÜV THÜRINGEN Сертификат за квалитет на Техничкиот Универзитет во Виена, Австрија (Technische Universität Wien) a поседуваат и ISO 9001:2008 Сертификат, како и CE Сертификат.
  • Камините INTERIO се многу лесни за одржување и користење. Имаат вграден пепелник во кој паѓа пепелта при согорување на пелетите.
  • Пелетите се еколошко и енергетски најефикасно гориво, согорувањето на дрвените пелети е толку чисто, при што речиси и нема ослободување на гасови во околината, тие се СО2 неутрални. Пелетите имаат поголема калориска (топлинска) моќност отколку нафтата, природниот гас и дрвените цепаници. Количеството на формирана пепел од согорувањето на пелетите е минимално само 0,8-1% (8-10kg пепел на 1t пелети).