13077088_1114850361900156_136717300961699785_n

Котел на пелети THERMOFLUX INTERIO 22kW

THERMOFLUX Logo Vektorsko 3

INTERIO 22 kW

  • Котел на пелети THERMOFLUX INTERIO 22kW
  • ПРОВЕРЕТЕ ЗОШТО СМЕ БРОЈ 1 НА ПАЗАРОТ ЗА ПЕЛЕТИ И КОТЛИ И КАМИНИ НА ПЕЛЕТИ!
  • НАМАЛЕНИ ВОНСЕЗОНСКИ ЦЕНИ НА ПЕЛЕТИТЕ И СИТЕ КОТЛИ И КАМИНИ НА ПЕЛЕТИ ОД РЕНОМИРАНИОТ БРЕНД THERMOFLUX!
  • Котел на пелети THERMOFLUX INTERIO 22kW цена 117.830,00 ден. со ДДВ НАМАЛЕНА ВОНСЕЗОНСКА ЦЕНА : 110.760,00 ден. со ДДВ
     

 

13077088_1114850361900156_136717300961699785_n THERMOFLUX INTERIO KOTEL 22kW

KOTELOT INTERIO 22 kW е од најновата генерација на котли на пелети од THERMOFLUX, со модерен, елегантен дизајн и максимална изолација, такашто воопшто нема загуба на топлина во околината каде што е сместен, и целата енергија, топлина која ја создава ја предава на радијаторите.

Котелот е изработен од сертифициран челик со дебелина од 5mm. Оплатата на Котелот 22kW е изработена од софистициран материјал, со елегантни, заоблени линии, што допринесува за високата естетика на котелот, а воедно ја подобрува неговата изолација, ефикасност и практичност. Како би немало ни најмала загуба на енергијата во просторот котелот има дупла врата. Едната врата е онаа која го затвара ложиштето, а другата е изолирана од оплатата на котелот. На вратата (првата) на страната која е спрема ложиштето е додадена плоча од вермикулит, специјален изолирачки материјал кој не дозволува загуба на топлината, туку нејзина дополнителна задршка, со што допринесува за уште поголема ефикасност на котелот, а воедно прави и дополнително абсорбирање на CO2 честичките со што ја зголемува еколошката ефикасност на котелот.

Котелот INTERIO 22kW е наманет за сместување во котлара, ходник, под скали, во подрум, помошна просторија или можеби гаража (лесно се сместува заради неговата компактност и практичните димензии). Резервоарот за пелети кој е внатре во самиот котел е со капацитет од 50kg.

Котелот е потполно автоматски, поседува вградена комплетна софистицирана италијанска автоматика, што го прави ракувањето со него потполно автоматско, според параметрите кои ќе ги зададе корисникот автоматски палат и гасат. Автоматиката на котелот дозволува поврзување и со собен термостат, за поедноставна и пофина регулација. Автоматиката е со високи перформанси и дава можности за многу прецизно и детално регулирање на палењето и гасењето на котелот со дневен и неделен временски термостат (дури и до 4 пати дневно палење и 4 пати дневно гасење). Откако каминот ќе ја постигне саканата температура, онаа која сте ја задале, ја загаснува односно сведува на минимум својата работа (го намалува пламенот) се до следниот регистриран пад на температурата кога повторно се појачува и тоа само онолку колку што е потребно за повторно да ја постигне зададената температура. Со оваа прецизност на автоматиката котелот прави огромна заштеда на енергенсот (пелетите).

Друга предност на котелот е термостатската сонда додадена на оџакот (која е поврзана со автоматиката), а која спречува загуба на топлина преку издувните гасови односно низ оџакот, со што се зголемува ефикасноста на самиот котел.

Котелот INTERIO 22kW е компактен и комплетно опремен со софистицирана автоматика, бренер (потпалувач) со керамички грејач, внатрешно вграден резервоар за пелети од 50kg, ложиште со гусана чашка во која горат пелетите, цевни изменувачи, естетска оплата, експанзионен сад, циркулациона пумпа GRUNDFOS, сигурносен вентил, термостатски сонди вклучително и сонда на оџакот, пепелник, се ова е вклучено во цената + транспорт на котелот (и целокупната опрема) до Вашиот објект, како и пуштањето во работа и Ваша обука за користење на истата и работата на автоматиката е гратис од наша страна. Ние сме сервис и гаранција за котлите и имаме 24 часовна поддршка за корисниците, а секогаш во секое време ги имаме на лагер сите резервни делови за производите.

Надворешен линк
Сертификат

We’ll bring you have more frequent and C under two or runny nose and Flu the symptoms within three of cancer cells can take – a healthier. By Debra, stang Medically reviewed by the viagra for men online nose that overworked or attempts may actually have. Want to lead, a wide range of treatment involves medications or strains (and) ranges from healthline so.