THERMOFLUX Logo Vektorsko 3

PELLING THERMOFLUX

ЕКОЛОШКИ И ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСНИ

КОТЛИ НА ПЕЛЕТИ

КОМПАКТНИ И ПОТПОЛНО АВТОМАТСКИ КОТЛИ НА ПЕЛЕТИ
• ОДЛИЧЕН СТЕПЕН НА ИСКОРИСТУВАЊЕ 92%
• ВИСОКОКВАЛИТЕТНА ИЗРАБОТКА ОД СЕРТИФИЦИРАН ЧЕЛИЧЕН КОТЛОВСКИ ЛИМ
• МОДЕРНА И ТЕХНОЛОШКИ НАПРЕДНА КОНСТРУКЦИЈА
• МОЖНОСТ ЗА РЕГУЛАЦИЈА НА РЕЖИМОТ НА РАБОТА ОД 30-100% ОД МАКСИМАЛНИОТ КАПАЦИТЕТ НА КОТЕЛОТ
• ТИВКА РАБОТА НА КОТЕЛОТ
• ЕДНОСТАВНО ОДРЖУВАЊЕ
• МОЖНОСТ ЗА ЛОЖЕЊЕ НА ДРВА
 5 ГОДИНИ ГАРАНЦИЈА
Главна карактеристика на котлите е што се многу ефикасни и економични, со висок степен на искористување  мин. 92% и огромна заштеда на енергенсот (пелетите), без непотребна загуба на енергијата.
Котлите PELLING се сертифицирани со TUV THURINGEN Сертификат за квалитет на Техничкиот Универзитет во Виена, Австрија, ISO 9001:2008 и СЕ Сертификат за безбедно користење.
Се наоѓа на BAFA (Германија) и EKOsklad (Словенија) листите на државно субвенционирање за чиста енергија.•   Котелот е тропромаен, со три високи промаи, со една главна централно поставена голема пламена цевка и радијално поставени повеке бројни пламени цевки (цевни изменувачи) кои ја зголемуваат површината преку која топлината се пренесува на водата, а во цевните изменувачи се сместени спирални тубулатори кои овозможуваат максимално искористување на топлината од пламенот и гасовите кои се ослободуваат при согорувањето на пелетите, смалувајќи ја брзината и температурата на излезните гасови, а со самото тоа се намалува потрошувачката на енергенсот односно пелетите. Овие карактеристики на котелот PELLING обезбедуваат поголема искористеност во однос на класичните котли.

   Котелот и резервоарот на пелети се една целина, резервоарот е споен со котелот. На дното на резервоарот се наоѓа дозатор на пелети (полжав) кој ги носи пелетите до ложиштето. Дозаторот (полжавот) е косо поставен, буткајќи ги пелетите према нагоре, а потоа пелетот со “слободен пад” паѓа косо надоле до ложиштето, со овој метод на дозирање на пелетите потполно се оневозможува феноменот на “повратен пламен” и запалување на резервоарот на пелети. Поради компактноста на котелот и поради многу краткиот пат кој го поминува пелетот од резервоарот до ложиштето котлите имаат многу мала потрошувачка на електрична енергија и огромна заштеда.
Котлите се со модерен дизајн и најсовремена конструкција, со технологија на изработка на високо ниво и со вградена комплетна и неверојатно прецизна автоматика.

   Автоматската регулација овозможува откако котелот ќе ја достигне зададената температура, автоматски да се намали силата на греењето, и да се одржува еден постојан лесен оган, максимално штедејќи го енергенсот без непотребно трошење на пелетите. Со опаѓање на температурата регулациониот систем сам ја зголемува моќноста и догрејувањето на котелот. Значи, котелот постојано одржува константна температура во просториите кои ги загрева, и тоа толкава колку што пртходно му ја задал корисникот и во временски интервали   (од-до) кои му се зададени и тоа со максимална заштеда.

•   Има дневен и неделен тајмер со можност за задавање дури и до 4 различни временски интервали во текот на денот.
Системот спрема зададените параметри и интензитет самостојно ја дозира количината на пелетите од резервоарот во ложиштето. Значајна улога во процесот на согорување на пелетите има и вградениот (усисен) вшмукувачки вентилатор, кој освен што го помага согорувањето, максимално ја спречува можноста од појава на “повратен пламен”, а воедно ја издувува пепелта од согорените пелети  во пепелникот кој е инкорпориран на дното од котелот.
На оџакот од котелот има сонда која ја мери температурата на издувните гасови со што врши и дополнителна заштеда недозволувајќи да има непотребно губење на топлина низ оџакот.
Количеството на формирана пепел од согорувањето на пелетите е минимално само 0,8-1% (8-10kg пепел на 1ton пелети), со што одржувањето на котелот е многу едноставно.
Котлите имаат можност и за ложење на дрва со едноставно додавање на решетка за согорување на дрва и препрограмирање на автоматиката од програм пелети на програм дрва.

              

Упатство за ракување

Сертификат

Надворешен линк