Техноауто Ви овозможува комплетна услуга за Вашето греење вклучувајќи проценка на Вашите објекти, понуда, испорака на опремата, решение за монтажа и пуштање во работа на истата како и сервис, притоа користејќи квалитетна опрема, добро применето знаење на тимот се со цел задоволување на потребите на секој индивидуален корисник.

Филозофијата на Техноауто се заснова врз партнерска соработка со проектантски и градежни компании заради овозможување комплетни термотехнички, инжинерски услуги.

Главна цел на фирмата отсекогаш бил квалитет и задоволни купувачи. Овие важни карактеристики се препознатливи не само во производите туку и во услугата: нарачки, испорака и однос со купувачите.

Од првичниот контакт па до комплетна нарачка ги следиме Вашите потреби со посебно внимание. Нашиот тим е лесно достапен, и посветен да Ви обезбеди најдобри опции при изборот на производи.